סרטונים אחרונים
Земјо Македонска, уважавам те,
земјо Македонска,
земјо турско-ропска Македонијо
уважавам те.
Уважавам твојте Македонијо
гори високи,
горите, висојте
и во теб’ херојте Македонијо
што ги раѓаш ти.
По теб' се белеат Македонијо,
безбројни стада,
стадата белеат
а гроздови зрејат Македонијо,
по твој ридови.
Ништо не те плаши Македонијо,
на овој бели свет,
кој душман ќе влезе
жив нема да излезе Македонијо,
ти го ставаш в гроб.
Илчовице млада невесто,
дали си чула разбрала?
Дали си чула разбрала,
оти е дошол агутот?
Оти е дошол агутот,
агутот мустак бегутот?
Иловице млада невесто,
имате село големо.
Имате село големо,
имате моми убави.
На снага тенки, високи,
на лице бели, црвени.
Иљчовице млада невесто,
ареса ми се, бендиса.
Ареса ми се, бендиса,
млaдото невесте Илчово.
Мариче ле, лично, девојче
- Мариче ле, лично,
девојче,
умирам загин'вам за тебе,
оф, аман, аман, аман,
животот го давам за тебе,
оф, аман, аман, аман.
Ојди прашај ја ле, мајка ти,
дали ќе те даде за мене,
оф, аман, аман, аман,
за мене бре сирак, сиромав,
оф, аман, аман, аман.
- А бре лудо, а бре будало,
јас си немам никој од рода,
оф, аман, аман, аман,
сираче сум без мајка и татко,
оф, аман, аман, аман.
Ако сакаш ти да ме земиш,
јас кај тебе сама ќе дојдам,
оф, аман, аман, аман,
и со тебе век ќе векувам,
оф, аман, аман, аман.